Путин до Ким: Русија се бори против децениската наметната американска империјалистичка политика

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги подобри трговските и безбедносните врски со земјата и ќе ја поддржи во односите со САД. Рано утрово, по наше време, Путин и Ким Џонг-ун започнаа разговори, пренесува Интерфакс.

Руските државни медиуми објавија дека авионот со рускиот претседател слетал во Пјонгјанг околу 2 часот и 45 минути по локално време по кратко застанување на рускиот Далечен Исток.

Путин ги отвори разговорите со Ким велејќи му дека Москва ја цени поддршката на Пјонгјанг, вклучително и насоката околу Украина.

„Многу ја цениме вашата доследна и непоколеблива поддршка за руската политика, вклучувајќи го и украинскиот правец“, рече Путин, пренесува руската новинска агенција Тас.

„Русија се бори против „децениската наметната американска империјалистичка политика“, наводно му рекол Путин на Ким.

Рускиот претседател рекол дека се надева оти нивната следна средба ќе се одржи во Русија, во Москва“. Тој рече и дека „се восхитува на трансформацијата на Пјонгјанг во изминатите 24 години“ и дека е убеден дека денешните преговори ќе бидат продуктивни, пренесе агенцијата Тас.

Порача дека е подготвен на нов документ кој „ќе биде темел на односите меѓу двете земји уште многу години“.

„Мислам на нашата борба против хегемонистичката политика наметната со децении, империјалистичката политика на САД и нивните сателити кон Руската Федерација, рече Путин.

Поврзани објави
Total
0
Share