ПСЖ го врати Мбапе во првиот тим

Пресврт во најголемата трансфер сага во актуелниот преоден рок. Килијан Мбапе се враќа во првиот тим на ПСЖ.

Како што пренесува Фабрицио Романо, по преговорите со првиот човек на клубот од Париз, еден од најдобрите светски фудбалери решил да се врати во тимот.

„По многу конструктивни и позитивни разговори помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе пред мечот со Лориен, фудбалерот е вратен во првиот тим и во нормалниот тренажен процес“, објавија тие.

Се уште не се знае каде Мбапе ќе ја продолжи кариерата, постоеше шанса во овој преоден рок да го облече дресот на Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.

Барем засега Мабпе мена да го испочитува барањето на клубот, да го продолжи договорот за да може следното лето ПСЖ да заработи од неговиот трансфер.

Во воведниот натпревар од Лига 1, ПСЖ на домашен терен одигра без голови против Лориен.

Поврзани објави
Total
0
Share