Првпат во историјата – Реал ја освои Лигата на шампионите без ниеден пораз

Таа традиција е скршена оваа сезона во која шпанскиот гигант го освои пехарот до девет победи и четири нерешени резултати. Групната фаза ја заврши со максимален ефект од 18 бода, а нерешените дуели ги забележа против Лајпциг, Манчестер Сити и Баерн.Со Лајпциг ремизираше (1-1) на реваншот на домашен терен, на двомечот со англискиот првак немаше победник, првиот дуел заврши 3-3, а вториот 1-1, за потоа да ремизира и во првиот натпревар од полуфиналето против Баерн (2-2).Со ова, Реал стана 12. тим во историјата кој ја освоил титулата во Лигата на шампионите без пораз со тоа што некои успеале да направат такво нешто по два пати. Пред него, тоа им успеа на: Интер во 1964, Ајакс во 1972 и 1995, Нотингем Форест во 1979, Ливерпул во 1981 и 1984, Црвена Звезда во 1991, Марсеј во 1993, Манчестер Јунајтед во 1999 и 2008, Барселона во 2006, Баерн во 2020 и Манчестер Сити во 2023 година. Баерн Минхен во 2020 година е единствен тим кој до титулата стигна со максимален ефект (11 победи на 11 натпревари) со тоа што мора да се знае дека таа сезона се играше по скратен систем поради пандемијата со корона вирусот.

Поврзани објави
Total
0
Share