Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерството за правда за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.
Тврдат дека измените во Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови не се применуваат од страната на извршителите, и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во Службен весник пред повеќе од седум месеци. Се повикаа и на одлуките на Уставниот суд во јануари 2024 и на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.
Од Министерството за правда велат дека тие немаатзаконски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.
Министерството за правда винформира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.
,,Правниот институт -застарување, роковите , прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи( член 349-382 ) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.
Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот “, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24