Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Претежно од пладневните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури се во интервалот меѓу 2 и 8, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 9 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени.