Приведени 33 лица во Турција осомничени за подготување напад во пресрет на изборите

Towers rising in Ankara’s Balgat district

Турската полиција приведе 33 лица осомничени за врски со групата Исламска држава и подготовување напад во пресрет на локалните избори во земјата на крајот од месецот, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Осомничените се подготвувале и трагале каде ќе дејствуваат пред претстојните избори“, напиша министерот на мрежата Х. Изборите треба да се одржат на 31 март.
Антитерористичката полиција во Сакараја во северозападна Турција во рациите пронашла оружје, пари и „документи за организацијата“, изјави тој.

„Нема да ги толерираме терористите. Ќе ја продолжиме нашата борба без прекин со големи напори на нашите безбедносни сили“, изјави Јерликаја.

Мрежата ги обезбедувала луѓето за воени зони и финансиска поддршка за Исламска држава, додека дејствувала од илегални џамии и верски училишта, изјави тој.
Турција е погодена од бројни напади поврзани за Исламкса држава во последните 10 години, вклучувајќи вооружен напад во цркваа во Истанбул во јануари, кога загина едно лице.

Исламска држава е поврзана и со најсмртоносниот напад во земјата, кога повеќе од 100 луѓе загинаа на мировен собир во Анкара во октомври 2015 година.

Поврзани објави
Total
0
Share