Приведен дрвокрадец во скопско, следува пријава

Вчера во 09.30 часот во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Џ.Ш.(39) од с. Елово, општина Студеничани. Тој бил затекнат од полициски службеници ккао со патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација. Џ.Ш. се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share