Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид

Во детско одморалиште во Охрид пријавено е труење со храна, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во интервју за јавниот сервис..

Бабовски додава дека периодов се вршат засилени контроли во туристичките и излетничките места, но и во објектите за малопродажба, особено кај оние производи кои се лесно распливи.

Потенцира дека во туристичките места се уништени над 200 килограми наупотреблива храна, односно храна што не одговарала со одредбите од Законот за безбедност на храна и со актуелните равилници.

-Во овој период, за жал, имаме и неколку сомнежи за труење. Еве, сега актуелно и уште во постапка е едно труење во едно детско одморалиште во Охрид, каде што по пријава на сомнеж на труење прогласено е труење. Таму веќе има одредена постапка којашто Државниот санитарен и здравствен инспакторат (ДСЗИ) заедно со АХВ ги спроведува активностите со цел заштита на здравјето на граѓаните, изјави Бабовски во интервју за МРТ.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share