Денеска, во 06 часот, во селото Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основниот суд Кочани, извршен е претрес во домот на 63-годишниот Б. Б. во село Митрашинци.
При извршениот претрес во куќата во која тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и 9 м бавногоречки фитиљ.
Б. Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.