Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати телеграма со честитки до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Република Македонија, до граѓаните од католичка вероисповед и до сите граѓани кои денеска го празнуваат Воскресението Христово – Велигден.„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, да го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на Вас, на свештенството и монаштвото на Католичката црква, на граѓаните од католичка вероисповед и на сите граѓани кои го чествуваат празникот.Велигден ја слави победата на животот над смртта. Како и сите големи празници, и Велигден е извор на духовна сила на луѓето за надминување на предизвиците кои ги носи животот со трпение и мудрост. Тоа е и мотив за вербата дека личното добро и благосостојбата се можни само како дел од заедничкото добро и благосостојба. Убеден сум дека празничниот дух Ве охрабрува и Вас во Вашата благородна мисија на водење на припадниците на католичката вероисповед во секој нивни чекор по исправниот пат на меѓусебно почитување и разбирање, по којшто, уверен сум дека заедно продолжуваме и во иднина.Монсињор Стојанов, лично, Ви посакувам добро здравје, спокој и среќа меѓу блиските, а на општествено ниво, мудрост, волја и енергија за ширење на пораки на мир, просперитет и солидарност меѓу нашите граѓани, во нашата држава, но и насекаде во светот.Имајте празнични денови во мир и благодат, честит Велигден!“, напиша премиерот Талат Џафери, во честитката до бискупот Киро Стојанов.
Поврзани објави
Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
30.10.24 15:11
„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
CPhI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности…
11.10.24 10:29
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка – темелот на домашната економија
Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала…
03.10.24 15:26