Поскапува дизелот, цената на бензините не се менува

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денара за литар.

За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,784 денари.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share