Во знак на револт за измените на Кривичниот законик, портпаролот на Левица Амер Меционовиќ денеска го запали Кривичниот закон.
Во изјавата пред македонскиот парламент тој рече дека во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира.
-Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување. Во овој момент, измените ќе влијаат на 14 судски пресуди и обвинети над 80 лица, не сметајќи ги случаите кои се наоѓаат во ОЈО ГОКК. Се аболицираат тројца сегашни пратеници од редовите на ДПМНЕ. СДС го враќа и Никола Груевски, потенцира Мециновиќ.
Тој додаде дека на вчерашната собраниска седница, предаторската волја на широката коалиција пресуди, за да се убие правичноста и да се осигура неказнивоста.
-Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција. Менувањето на Кривичниот законик, не само што им одговара на корумпираните партиски раководства, туку се случува и како обид за повторно наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија, како што такви измени беа донесени и пред насилното менување на уставното име, рече Мециновиќ.