Полицијата изврши претрес во затворот во Идризово

Полицијата утрово извршила претрес во Казнено-поправниот дом во Идризово, информираат од Јавното обвинителство. Причината, како што велат оттаму, е постоењето сомневања за кривично-правни дејства.

,,Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“,велат од ОЈО – Скопје.

Директорот на затворот Зоран Јовановски, во изјава за МИА, рекол дека при претресите била пронајдена поголема количина недозволени предмети.

Како што пренесоа дел од медиумите, полицијата наводно имала сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

Претрес во затворот „Идризово“ полицијата изврши и на крајот на октомври минатата година при што, како што информираа од МВР, биле пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. Во акцијата биле повредени затвореници, но и полициски службеници.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share