Поднесена интерпелација за Јавниот обвинител Јовески – Албански партии бараат да одговора за модуларната болница

Партиите од албанскиот опозициски блок, Алтернтива, Движење БЕСА и Демократско движење доставија интерпелација за работата на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

  • Денеска сме тука да ве информираме дека ние – група пратеници – од партиите АлтернАтивА, Движење БЕСА и Демократско движење, доставивме интерпелација за работата на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Иако Љубомир Јовески заслужува повеќе интерпелации и отповикување на одговорност, бидејќи не е никаква вест да се каже дека Јавното обвинителство стана едно од министерствата на оваа влада, сепак основната причина за оваа интерпелација е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица. Ние сметаме дека улогата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во овој случај стана предмет на сомнеж и за тоа е потребна одговорност и јавно објаснување.

Оваа интерпелација има за цел во јавна собраниска расправа да ги покрене сериозните сомнежи дека Јавното обвинителство криел факти и информации во текот на целата постапка за да заштити на тој начин некои политичари и членови на бизнис елитите, кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои беа предмет на оваа трагедија.

Затоа, врз основа на одредбите од Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието на РСМ, ние денеска ја доставивме интерпелацијата во Архивата на Собранието и чекаме претседателот на Собранието да ја процесуира истата, соопштија партиите.

Претседателот на Собранието, врз основа на Деловникот е должен во рок од 15 дена од доставувањето на интерпелацијата, да ја стави на дневен ред на следната прва пленарна седница.

-Оттука, ние очекуваме претседателот на Собранието да го почитува Деловникот на Собранието, а останатиот дел е да се соочиме со аргументи со Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, за тоа како се случило 14 лица да изгорат во болница и да не се бара одговорност од претпријатието што ја изградил модуларната болница, од изведувачот на јавната набавка, потоа да објасни зошто не бил земен предвид извештајот на германската форензика и зошто е изземен обвинителот кој првично беше одреден за тој предмет.
Нашето барање е јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, да се појави во Собрание и пред народот и да ја објасни својата улога во овој случај, имајќи ги предвид сите обвинувања наведени во врска со неговата работа, коментираат трите партии.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share