ПМФЛ: Гостивар е новиот лидер по триумфот над Шкендија

Се одиграа пет натпревари во рамките од седмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), единствено само Гостивар успеа да дојде до победа.

Гостивар триумфираше со 3:1 над Шкендија, по првиот дел Ајдоган донесе предност за домаќините во 22 минута од средбата.

За 2:0 се погрижи Симоновски во 46 минута, тетовските „црвено-црни“ ја намалија негативата во 87 минута преку Ибраими. Во самиот финиш сите дилеми околу победникот ги реши Алдаир од пенал во судиското надополнување (90+1`).

Мируваа мрежите на мечевите Брера Струмица – Тиквеш и Пелистер – Работнички. Составот на Шкупи ремизираше 1:1 на пресметката со Беса 1976.

Во 24 минута клубот од Чаир дојде до водство со погодокот на Едмундсон, а гостите го избегнаа поразот во 82 минута благодарение на голот на Али.

Актуелниот шампион Струга одигра нерешено 1:1 на гости против Воска Спорт. Домаќинот водеше од 50 минута со голот Јахја, а во 67 минута струшкиот тим дојде до бод преку Радески.

На табелата сега Гостивар е нов лидер со 15 бодови, пред второпласираната Шкендија која има 14. Колото ќе биде комплетирано со последниот дуел од 20.00 часот помеѓу Вардар и Силекс.

Поврзани објави
Total
0
Share