Петровска која денеска присуствуваше на одбележувањето на четиригодишнинатата од влегувањето на нашата земја во НАТО и 75 години НАТО Алијанса во Штип истакна дека во еден од овој договор и таа е потписник, а својот потпис го ставила бидејќи верува во луѓето кои го спроведоа овој процес.
– Апсолутно немам дилеми. Јас знам дека некои структури во Република Северна Македонија овој процес на модернизација го гледаат како закана кон себе, а не кон државата. Напротив, не се сложувам дека ова е непотребно трошење на пари. Затоа што минатиот период беа поставувани многу прашања, за тоа до каде сме со набавката и на хеликоптери и на дрнови. Знаете како многу е лесно да обвинувате или да излегувате со теории на заговор. Јас реков бев и во Собранието и на брифинг со новинарите во Скопје кажав ако има било каков сомнеж за корупциски скандал, јас сум апсолутно подготвена да се соочам со тоа, ако има било какви докази, а јас сум уверена дека нема докази, бидејќи верувам во исправноста на одлуката, којашто интегрираниот проектен тим ја донесе, рече Петровска.
Таа додаде дека неколку компании доставиле понуди и смета дека е непрофесионално да се обвинуваат професионалците на Армијата за било каков корупциски скандал.
-Што се однесува конкретно за компанијата имајте предвид дека склучивме и договор Влада со Влада, обвинување кон било која компанија значи и обвинување и кон Владата на Република Италија дека е дел од корупциски скандал. Мислам дека тоа дипломатски е недозволиво, рече Петровска.
Прашана зошто оваа компанија е избрана за набавка на хеликоптерите и кои се спецификации се понудени од нивна страна, Петровска со одговор дека понудата на комапанијата „Леонардо“ е избрана од страна на интегрираниот проектен тим во којшто како што вели е составен од експерти и стручњаци, професионалци од оваа област на воздухоплоството, кои се дел од македонската Армија, а и знаат најдобро како треба да се развиваат капацитетите на Армијата.