Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Уставниот суд во иднина треба уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи.

Еден начин се измени на Уставот и воведување на уставната тужба како правно средство за заштита на правата и слободите иницијатива која безрезервно ја поддржам.

Се надевам дека во блиска иднина и политичката, покрај стручната јавност, ќе го разбере значењето на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент на реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи, рече денеска претседателот Стево Пендаровски на Меѓународната конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Осврнувајќи се на историјатот на оваа институција, Пендаровски посочи дека Уставниот суд има долга традиција која датира уште од времето на нашиот државен-правен развој во поранешна Југославија.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share