Во Вишото јавно обвинителство во Заечар за денеска е закажано рочиштето на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на малата Данка. Тој два месеци се бранеше со молчење, но сега реши да сведочи пред обвинителот.Рочиштето е закажано за 10 часот, кога осомничениот треба да биде изведен од притворот во кој се наоѓа од приведувањето. Осомничениот решил да ја изнесе својата одбрана, а неговиот адвокат го известил обвинителството.
Инаку, најстариот Драгијевиќ, татко на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, Дејан Д., на 29 мај беше пуштен да се брани од слобода, откако беше приведен за соучесништво во кривично дело за кое се уште нема докази, бидејќи телото на девојчето не е пронајдено.Тој веќе извесно време не е во семејната куќа во Злот, која ја нашол празна, бидејќи во меѓувреме починаа и неговиот помал син Далибор и неговата сопруга Светлана.Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор.По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси С.Ј и Д.Д. кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го фрлиле на депонија.Телото на девојчето се уште не е пронајдено.