Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционална кражба на изборната волја преку незаконската одлука за прегласување во точно избрани гласачки места, во родните места на носителите на опозцијата. Ова го истакна портпаролот на ДУИ, од коалицијата Европски фронт, Бујар Османи.

,,Одлуките се донесени без факти и незаконски како мајоризацијата во 90-те години. Целта е да се ублажи поразот на опозициските политички партии во албанскиот блок, но и да се оцрни албанскиот гласач дека не може да спроведе коректни избори, кога за првпат на чело на Владата и за организирање на избори е премиер Албанец. Нема да дозволиме оцрнување на албанскиот гласач, ниту манипулурање на волјата на граѓаните. Европскиот фронт на изборите имаше јасна победа наспроти Вреди“, рече Османи.

ДУИ ќе ги обжали одлуките пред Управниот суд, а Османи најави дека ќе поднесат пријави и за членовите на ДИК. Тој очекува дека Управен ќе ја преиначи одлуката на ДИК.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share