Османи им се пожали на странските амбасадори за компромитирање на изборниот процес

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата беше домаќин на четворица амбасадори. Османи во објава на Фејсбук пишува дека на овие средби изразил загриженост за, како што вели, „компромитирање на изборниот процес“.

Одлуките на ДИК за прегласување на некои избирачки места, Османи ги оценува како „произволни кои имаат за цел да ја украдат изборната волја“.

„Денеска се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромисот на изборниот процес со самоволните одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување. Ја изразив и неопходноста од почитување на договорот на Охрид, Преспа и европската иднина на државата“, напиша Османи.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share