Нов напад со дрон врз Москва, при што е оштетена една зграда, соопштија руски официјални лица. По дејството на противвоздушната одбрана, делови од дронот за кој Русија тврди дека е украински, падна на Експо центарот кој се наоѓа на пет километри од Кремљ, објави „Ројтерс“.
Парчињата од дронот не предизвика пожар, ниту има повредени. Поради нападот, накратко беше во прекин сообраќајот на аеродромот во Москва. Тоа, пак, беше причина за пренасочување на седум летови.
„Околу 4 часот утрово по московско време, режимот во Киев почна уште еден терористички напад со употреба на беспилотни летала врз објекти кои се наоѓаат во Москва и московската област“, наведе руското Министерство за одбрана.