Опожарени подрумските простории на кумановскиот суд

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен.

– Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува, велат од кумановската Противпожарна единица.

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила.

Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.

– Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави, претседателката Манев за МИА. 

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share