Охрид останува на листата на УНЕСКО – но препораките за негова заштита мора да се исполнат

Охридскиот ростанува на листата на светско наследство на УНЕСКО. Одлуката беше соопштена во Ријад, Саудиска Арабија каде се одржува сесијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Според министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Комитетот ги уважи напорите на Македонија и Аалбанија, за зачувување на престижниот статус на овој регион за светско наследство. Експертските тимови на двете држави го изготвија стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион со акциски план. Оцени дека понатаму е потребна засилена соработка со Албанија од што ќе зависи имплементацијата на мерките за рехабилитација на регионот.

Поради непочитување на препораките а УНЕСКО, охридскиот регион можеше да биде ставен на листата на УНЕСКО како светско наследство во опасност.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share