Турските власти одобрија екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерството за правда соопшти дека добиле официјално известување од турските власти дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Веста ја потврди и министерот за правда Кренар Лога кој на својот фејсбук статус напиша:

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека веќе му е определена мерка притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари, која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување.

Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски. Во Бегство е од крајот на ноември. Двете убиства ја згрозија јавноста. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share