Од воздух ќе се гаси пожарот над Вешала – гори и букова шума на Шара

Се бара воздушна поддршка за да се стави под контрола пожарот над Вешала, што утрово зафати и букова шума, извести Центарот за управување со кризи, утрово.ЦУК од утрово е во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала во Општина Тетово, што сè уште активен на недостапен терен, а со засилување на топлиот ветер што го засилува и огнот е зафатена букова шума.Денескa, во 6.55 часот екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово отидени на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можеле да го локализираат пожарот.Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола.

Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција.

Ианку, пожарот бил подметнат, како подготвка за сеидба на обработлива површина.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share