Нов е-дневник тестира МОН и очекува досегашните проблеми да бидат надминати

Е-дневникот, на кој наставниците неколку години се жалеа дека не функционира добро и дека им го одзема времето, можеби наскоро ќе стане минато. Министерството за образование соопшти дека се тестира нов е-дневник и дека биле земени предвид сугестиите од наставниците, родителите и учениците. МОН изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата со финансиска поддршка од ИПА фондовите на ЕУ, велат од министерството

„Првичните тестирања на новиот систем се веќе спроведени, во координација на Министерството за образование и наука со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата.

Паралелно се спроведуваат и обуки за примена на новиот електронски дневник, при што истите досега се посетени од страна на 40 училишни ИТ администратори каде најпрво софтверското решение ќе пилотира, како втора фаза од процесот на тестирање во текот на оваа учебна година. Обуките ќе продолжат во следниот период, со опфат на сите училишни ИТ администратори.

Новиот систем ќе биде официјално применет во сите училишта, откако ќе бидат исполнети сите услови предвидени во процесот на тестирање и по миграцијата на податоците од постојниот систем во новиот. Очекувањата се тоа да се случи во текот на второто полугодие на тековната учебна година или на почетокот на следната“, соопшти МОН.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share