Започна транспортирањето на опасниот отпад од локација во Општина Ѓорче Петров, кај месноста Орман, во објектот на правниот субјект „Рецикл Еко-Старт“ во Општина Чучер Сандево. Согласно Протоколот за безбедно транспортирање на опасниот отпад, правниот субјект по задолжение од Инспекторатот за животна средина започна со транспортот со овластена компанија.
Инспекторатот е во координација со Општина Ѓорче Петров, Одделението за инспекциски работи и ќе ги следи во континуитет активностите до целосно завршување и враќање на опасниот отпад на првобитната локација..
Оловната згура од околу 500 до 600 тони од октомври минатата година беше оставена непрописно во близина на реката Лепенец, на приватен имот, не е само од компанијата „Рецикал Еко- Старт“, туку и од две други фирми и едно физичко лице.