Почина 54-годишниот Витали Робертус, потпретседател на Лукоил, соопшти руската нафтена компанија.
„Со длабоко жалење објавуваме дека потпретседателот Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст“, се вели во соопштението за печатот, а пренесува руската агенција Тасс.
Робертус почнал да работи во Лукоил веднаш по дипломирањето економија.
„Во својата 30-годишна работа во Лукоил ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во целата индустрија. За успехот во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс беа доделени бројни државни и ресорски награди“, се наведува во соопштението.
Виталиј Робертус е четвртиот извршен директор кој почина од почетокот на инвазијата на Путин на Украина и петти истакнат член поврзан со нафтениот гигант.