Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека нејзината земја нема план Б, доколку Украина ја загуби војната.„Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, посочи Калас во интервјуто за „Би-Би-Си“.Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.

Поврзани објави
Total
0
Share