„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на кампањата „Нема откажување од иднината“, за претстојните парламентарни избори.

Со видео обраќање, членот на германската сестринска партија ПЕС, Олаф Шолц, упати јасна порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан.

На настанот, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се осврна на сработеното во изминатиот мандат на Владата предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, но и ги потенцира мерките предвидени во програмата на Kоалицијата за европска иднина, опишувајќи ја програмата како реална, остварлива и заклучувајќи дека нема откажување додека секој ред од неа не стане реалност за, како што вели, нашата европска Македонија.

Во оваа кампања ќе зборуваме повеќе за иднината. Ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Со влезот во ЕУ проектираме дека ќе достигант до 1.300 евра просечно, односно по 800 евра минимална плата. Обезбедивме по 200 евра прво вработување за млади до 26 години. Првпат во историјата ќе има едноцифрена бројка на невработеност од 7 проценти до крајот на мандатот. За пензионерите ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари, минимална од 20.000 денари, зголемени со влезот во ЕУ“, рече Ковачевски.

Toj најави и решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

„Нема да има веќе предмети по фиоки, ќе го спроведеме ветингот на судиите и јавните обвинители, кому му се допаѓало или не. Ќе започне прво од кандидатите на листата на изборната единица 1, ќе продолжи со политичарите, а ќе се зпресели и кај судиите и обвинителите,  и сите оние кои изминатите 32 години собраа богатство кое го употребуваат и злоупотребуваат за влијание во системот“, рече Ковачевски.

Најави целосна реформа на судскиот совет и советот на јавни обвинители, драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Специјалистите, како што ветува СДСМ, ќе добиваат плати до 80.000 денари, општите доктори 120.000 денари, а медицински сестри до 90.000 денари, како и укинување на партиципацијата од 20 отсто за сите граѓани.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share