Неколкумина повредени во тешка сообраќајка во Бутел, булеварот Словенија затворен за сообраќај

Неколку лица се повредени при судир на два автомобила на крстосницата на булеварите Босна и Херцеговина и Словенија со улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје. Очевидци велат дека сообраќајката се случила околу полноќ и некои од тешко повредените со Итна медицински помош веднаш се пренесени во болница, а со друго возило им се укажува помош на останатите.

Булеварот Словенија во насока кон Момин Поток е затворен за сообраќај, а на крстосницата, во близина на трговскиот центар „Поинт ритеил“, каде што е сообраќајната незгода, не работат семафорите.

Полиција го пренасочува сообраќајот на околните сообраќајници.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share