Неделен возен ред на ЈСП поради неработниот изборен ден

Јавниот превоз во Скопје, утре ќе функционира по неделен возен ред а жичарницата на Водно нема да работи, соопштија од јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров“, стои во соопштението.

Инаку, Владата пред една недела одлучи дека 24 април и 8 мај ќе бидат  неработни денови за сите граѓани на државата, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share