Наставник по физичко во битолско училиште натепал ученик

Наставник во битолско основно училиште физички нападнал ученик, мајката на малолетникот случајот го пријавила во полиција.

Имено, вчера 32-годишна битолчанка пријавила дека на час по физичко образование во основно училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговиот наставник.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Вистинска драма вчера се случувала во близина на тунелот над битолската населбата „Баир“, каде неколкумина лица прво со тврди предмети фрлале кон возилото на 31-годишниот жител на с. Ивањевци, а потоа и го натепале.

„На 29.05.2024 во СВР Битола, Е.Р.(31) од с.Ивањевци, општина Могила, пријавил дека на магистралниот пат Битола – Ресен, во близина на тунелот над населбата „Баир”, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило, физички го нападнале, а потоа со остри и тврди предмети извршиле оштетување на возилото во кое бил со неговата сопруга, нејзината сестра и неговите две малолетни деца“, велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share