Напад со дрон врз рафинерија за нафта на околу 200 километри од Москва

Нафтена рафинерија утрово беше цел на беспилотно летало во Рјазан, на околу 200 километри југоисточно од Москва, изјави регионалниот гувернер, додавајќи дека во нападот има повредени и дека избувнал пожар.
– Нафтената рафинерија Рјазан беше цел на беспилотно летало. Според првичните информации, има повредени – напиша гувернерот Павел Малков на „Телеграм“.
 
Рафинеријата е управувана од нафтениот гигант „Росњефт“ и е еден од најголемите производители на гориво за централна Русија.
Беспилотно летало е соборено денеска кога се приближило до рафинеријата за нафта во областа Ленинград, во близина на Санкт Петербург, објави регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.
Тој додаде дека во нападот нема жртви и не е причинета штета

Поврзани објави
Total
0
Share