Наместо со 20 возот Скопје-Велес сега ќе може да се движи со максимална брзина од 50 км/ч

Наместо со 20 километри на час, која беше максималната дозволена брзина на движење на возовите на пругата Велес-Скопје, отсега возовите на оваа делница ќе сообраќаат со „неверојатни“ 50 километри на час.

Како што соопштија од МЖ Инфраструктура, ваквата промена доаѓа поради тоа што е завршена санацијата на пругата.

Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес.

Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час, соопштија од МЖ Инфраструктура.

Исто така, во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станицата Кадина Река на втор колосек, кој досега беше затворен за сообраќај.

Колосекот е пуштен за сообраќај, со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share