Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА. Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100. 000 жители беа евакуирани.
Поврзани објави
Како Брисел реагира на непослушниот Орбан
Унгарија повторно го тресе Брисел… Беше јасно од самиот почеток на шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на…
17.07.24 08:30
Најмалку 52 жртви на топлотниот бран во Њу Делхи
ајмалку 52 лица ги загубија животите во Њу Делхи во интензивниот топлотен бран, јавија денеска локалните медиуми. Според…
20.06.24 07:01
По Северна Кореја, Путин во посета на Виетнам
По посетата на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин синоќа пристигна во посета на Ханој, главниот град на…
20.06.24 06:59