Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти би можел да се соочи со затворска казна од дури пет години.
Ваква казна за стратегот на Реал Мадрид побарало обвинителството во Шпанија, затоа што во минатиот мандат кога беше на клупата на „Кралевите“ не уплатил данок од над 1 милион евра.
Анчелоти го прекршил законот во 2014 и 2015 година и затоа за него се бара затворска казна, а тој се товари за две казнени дела кои наводно ги направил пред 10 години.
Инаку, Анчелоти неодамна постигна договор со клубот, па ќе го води Реал Мадрид и во наредната сезона.