Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.Според него, од отворањето на гласачките места досега се регистрирани две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје.Исто така, околу 09:20 часот на избирачко место во село Бучим, радовишко, од страна на претседателот на избирачки одбор е пријавено дека едно лице му го покажало гласачкото ливче на еден набљудувач. Од страна на ОВР Радовиш се преземаат мерки за расчистување на случајот.Портпаролот на МВР вели дека покрај ова, на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила биле оставани летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити.-На едно гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06:30 часот претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето и на ова избирачко место се одвива непречено, рече на прес-конференцијата Ангеловски. Тој истакна дека МВР апелира граѓаните и учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето на овој изборниот ден да се воздржат од инциденти, а доколку се забележи било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.
Поврзани објави
Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
30.10.24 15:11
„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
CPhI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности…
11.10.24 10:29
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка – темелот на домашната економија
Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала…
03.10.24 15:26