„Рано утрово во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М. (21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Сопатниците Ј.С. (21), Х.С. (22) и М.С. (21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.