Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција по затворањето на гласачките места на денешните претседателски избори.Денешниот изборен процес, генерално, оцени дека минал во фер и демократска атмосфера, со низа помали прекршувања, пред сè, предизвикани од партиите на власт и нивните активисти, Според информации за нерегуларности што ги добиле од набљудувачи, Муцунски кажа за забележано вршење на притисок во Општина Сарај, на импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар.„Исто така, се забележани случаи на семејно и колективно гласање за што истите лица биле предупредувани од избирачките одбори и акредитираните набљудувачи. На неколку изборни места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на фингерпринт апаратите или немање на печат“, соопшти Муцунски.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24