Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за академски студии од втор циклус за академската 2023/2024 година.
Од МОН предвидоа 40 стипендии за студенти на природно-математичките науки, а 10 за општествените науки. Но, од предвидените 50, доделени се вкупно 34 стипендии.
Од министерството инаку предвидоа и 15 стипендии за студентите на докторски студии во висина од 18.000 денари, но резултатите сè уште не се објавени.