За евакуацијата се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер, додаваат од МНР и апелираат македонските државјани да избегнуваат патување во Нигер, поради влошената безбедносна ситуација и можноста од ескалација на истата, додека оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.
За помош, МНР потсетува дека достапни се телефоните и е-маил адресата на амбасадата во Каиро, како и дежурните контакти во МНР…