,,Сметам дека таа нетрпеливост ја креираат политичарите. Треба да зборуваме за
политичко релаксирање на состојбите.
Доколку ние имаме задоволни граѓани кои во политичарите гледаат како на луѓе кои им помагаат и работат за нив тогаш не би имало потреба од загриженост.
Реториката на одредени политичари кои се обидуваат да го наметнат тоа дека постои национална нетрпеливост е само маска за тоа дека станува збор за политичка нетрпеливост и тензија која има за цел да ги задоволи барањата на политичарите” , изјави Митева.