Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое, како што велат „партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници“.
– Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите. ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми, се додава во реакцијата на Министерството за здравство.