Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ и поранешниот претседател на Собранието, Јован Митрески од СДСМ ќе го менуваат Африм Гаши во отсуство.
Денеска беше одлучено, собранискиот спикер да има тројца потпретседатели кои ќе бидат изгласани на утрешната седница. За ова гласање не се очекува да има проблем, но затоа сѐ уште е неизвесно, кога и дали ќе биде изгласан Законот за локална самоуправа што го подготвуваат од коалицијата „Вреди“.
За него е потребно двотретинско мнозинство, а дали ќе се повтори поддршката што ДУИ веќе еднаш ја дадоа на мнозинството, сѐ уште не откриваат. Координаторот на пратеничката група, кој и самиот ја напушти градоначалничката функција за да стане пратеник, не сакаше да го каже ниту својот личен став.