Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот.
„Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди“, рече Мицкоски.Додаде како Влада ќе мора да ги почитуваат законите и Уставот во однос на употребата на уставното име. Вели дека е променет Деловникот за работа во Парламентот лани како резултат на Жан Моне процесот и како резултат на тие промени, а тоа е правно обврзувачки акт, тоа е делот што се однесува на заклетвата што ја дава претседателот на Владата, членовите на Владата, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд.
Но, мојата употреба лична, како човек, при давање изјави, сум го кажал тоа, никогаш нема да биде поинаква од оваа што е денеска. Мојата татковина е Македонија, и ќе остане Македонија“, рече Мицкоски.Пред два дена се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа во Нивици. Со него, Македонија и Грција го надминаа спорот за името. Спорот траеше со години. Грција претходно го блокираше влезот на Македонија во НАТО.