Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упатил официјална порака до опозициските партии на Албанците за коалицирање, но одговор досега не добил. Ова тој го изјави денеска по средбата со Управниот одбор на МАСИТ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали добил повратен одговор за коалицирање и дали тоа е проследено со одредени услови од опозициските партии на Албанците.
,,Упатив официјална порака до албанската опозиција, официјален одговор на мојата официјална порака, до овој момент немаме добиено“,рече тој.
На прашањето за предлогот на претседателскиот кандидат од ДУИ, Бујар Османи, за постигнување заеднички консензус за уставните измени, Мицкоски рече дека за таков консензус ја има испуштено можноста, уште како министер за надворешни работи.Бујар Османи за таков консензус ја испушти можноста како министер за надворешни работи, кога ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично, имавме прес-конференција и се понудивме да бидеме дел од процесот кој тогаш го водеа шверцерски, тајно и позади очите на јавноста во Македонија“,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.