Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави порака по повод христијанскиот празник Прочка.
,,Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печелат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност.
Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина”, вели Мицкоски.