Во изјава за медиумите дадена пред црквата „Св. Спас“, Мицкоски рече дека за изборните нерегуларности во првиот круг од претседателските избори, ги информирале меѓународните претставници во земјава и Министерството за внатрешни работи од кое побарале да го засили своето присуство на тие избирачки места.
– До претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ и ОДИХР доставивме список на избирачки места каде во определен временски период гласањето во просек е помалку од една минута што наведува на тоа дека таму имаме бројни нерегуларности односно полнење на кутии и на тие избирачки места чудно, но вистинито фингерпринт не работеле. Очекуваме нешто слично да се случува и во вториот круг, но ние сме подготвени. Го информиравме Министерството за внатрешни работи да го засили своето присуиство таму. Генерално станува збор за избирачки места во скопски Чаир, Липково, Арачиново и.т.н, рече Мицкоски.
Тој ја обвини ДУИ дека со притисок ги добива гласовите на гласачите и дека високи функционери и членови на Владата го прават тоа придружувани од припадници на МВР. – ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства кои се недозволени за демократијата, ги добива гласовите така што слободно можете резулатите од европеецот Османи да ги поделите на два и ќе ја добиете реалната поддршка на ДУИ која повеќе од 20 години добива гласови
– ,,Со епската манипулација и повикување на 2001 година, а паралаено со тоа и местење тендери, и второ преку притисок, закани, уцени и поткуп, изјави Мицкоски. Ја повикува меѓународната заедница будно да го следи целиот процес. Во однос на тоа што лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози европските интеграции, Мицкоски рече дека ако некој ги загрозува евроинтеграциите, тоа е коалицијата ДУИ – СДСМ. Главната цел изминатите 6 и половина 7 години не беше да презентираат вредности, да ги решаваат проблемите на граѓаните. Тие имаат за цел да прифаќаат понижувачки договори и да ставаат потпис на се за да можат подолго да останат во фотелјата и да можат да го ограбуваат народот и да можат да ја ограбуваат Македонија. Тоа беше нивната политичка матрица, така што тие се главните виновници зошто ние 7 години не се поместивме ниту милиметар од тоа што беше состојба пред пет години иако ветуваа живот и едно општество за сите, донесоа живот за малкумина и општество за малкумина, рече Мицкоски.