Честа е огромна да се одбележи создавањето на партијата која со своето постоење се вгради во создавањето на независна Република Македонија и над 30 години е сопатник низ сите премрежја, искушенија и големи радости, таги и прослави на нашата татковина“ рече денеска во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 34-от роденден на партијата.„ВМРО-ДПМНЕ е концепирано како сублимат на таа битка за слобода и верување во идејата за Македонија. Затоа сите наши расправи, дебати и размена на ставови низ историјата биле толку бурни исполнети со јавни дебати, емоции и верувања. ВМРО-ДПМНЕ имала и свои блескави моменти, и моменти на сериозни искушенија но никогаш во минатото, сега или во иднината не смее и нема да се случи да отстапи од идејата за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било партија на тесните клики, на елитите, а секогаш кога се појавувало тоа како тенденција било отфрлано од членството како неприродно ткиво кое не е дел од големиот организам кој ја движи партијата. Нека е вечна идејата и каузата, уште многу години борба и посветеност за Македонија“ рече Мицкоски.
И знам дека состојбите во СДСМ се очајни. И нема да зборувам дека она што сега се случува во некогаш големата СДСМ е разочарувачка фрагментираност до најситните делови со кои управуваат деспотите кои го закопаа СДСМ, но треба да знаат дека сето тоа мешање, сите тие пеколни планови и удари кои тие мене ми ги задаваа додека се борев за стабилизирање на ВМРО-ДПМНЕ, тие непринципиелни коалиции и преговори под маса, јас нема да ги правам и нема да им работам позади грб, ниту ми паѓа на памет да им се мешам. Тие од мене, како претседател на партија која посакува и работи за македонско национално единство имаат подадена рака за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните. Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија“ порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.